Охрид во лето е атрактивна дестинација на бројни музички уметници кои настапуваат тука. Покрај бројната логистика, сцените и пропратните елементи неопходни за организација на еден концерт, еден од најважните сегменти е стајлингот и изгледот на музичарите. Најдобрите сценски изведувачи од земјава и регионот редовно доверба и укажуваат познататата мејкап артистка од Охрид Мери Бајрамовска – “MAKEUP BY MERI“.
А, кога еднаш ќе се изгради доверба, таа продолжува да се негува низ годините, вели харизматичната Мери Бајрамовска.
Студиото кое со полна пареа работи веќе 14-та година го посетиле познати музички имиња како: Јелена Томашевиќ, Наташа Беквалац, Теа Таировиќ, Александра Матрих, Јелена Бачиќ Алипчиќ, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Дани Димитровска, Викторија Лоба, Александра Јанева, Антониа Гиговска, Лина Пејоска, Андријана Петрушовска, Барабара Поповиќ, Наташа Малинкова, Мариа од „Eye Cue“, Сара Гигова, Елена Велеска, Сузана Гавазова, Соња Трчуловска, Мелани Трчуловска, Стојне Николова, Анета Накова, Софија Манева но и дел од посилниот пол, меѓу нив Игор Џамбазов, Влатко Лозаноски, Ристе Ристески, Ѓоко Танески …
Мојот успех е резултат на посветеноста во професијата на која не штедам ниту време, ниту енергија за да стигнам до целта, потенцира Мери.
Да потсетиме дека Мери Бајрамовска во 2022 година доби награда за мејк ап инфлуенсер на годината, а на друга манифестација во декември 2023 година повторно го освои првото место тогаш на манифестацијата „Жена на годината“ за мејк ап инфлуенсер. Едноставно квалитетот го добива тоа што го заслужува.
За неа се пишуваше и во светски реномирани медиумски куќи како што се: Daily Mail, Cosmopolitan, Bild.de, Glamour Paris, а нејзини видеа беа прикажани и на неколку телевизии, меѓу кои и турската Tv8. Мејкап трансформациите на Мери денес се сензација на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук, а дел од нив станаа вирални.
OhridNews