Денеска со почеток во 12 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна театарска претстава за деца и младинци „Убавицата и ѕверот”. Претставата е работена по текст на Шарл Перо, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат актерите: Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Павел Маслов, Биљана Билаловиќ Вељаноска и Филип Кипровски.

Собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат уплатени на сметката за донации за малиот Кирил Митрески.

OhridNews