„Australian Open“, на почетокот од годинава го актуелизираше тенисот, но и тенисерките. Сите љубители на спортскиот изглед кај жените сигурно не можат да останат рамнодушни и да се фокусираат исклучиво на добрите потези и играта.

Некои би рекле дека на овие девојки кога ќе излезат на терен изгледот им е најмалку битен, но тие многу се трудат баш околу тоа, а некои имаат и посебни стилисти и дизајнери за спортска облека. Нивното облекување може да отиде и толку далеку, па и челните луѓе на турнирот да се збунат и заплеткаат. 

Така на Вимблдон пред неколку години службено на тенисерките им забранија носење на секси облека, им наредија да ги отфрлат предизвикувачките модни трендови и да не се појавуваат на теренот во прекратки фустанчиња. Целта беше гледачите да гледаат тенис, а не гаќичките на тенисерките.

Забраните на радост на мнозинството од гледачите не вродија со плод, а девојките на турнирите денес можат да облечат што сакаат.

ohridnews