Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, потоа на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, на својојот Фејсбук профил ја коментираше одлуката на бугарскиот државен врв кој деновиве постави нови услови во процесот на пристапување на Македонија во Европската унија. Тој напиша дека најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживува како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година.

Бугарија постави неколку нови услови за евроинтеграција за Македонија, меѓу кои и македонскиот идентитет и јазик, што во Македонија, но и во европските политички кругови се толкува како уцена, која како што истакнаа видни европски претставници не е европски модел на решавање на проблемите.

OhridNews