Охридските Колибри доживеаа убедлив пораз од 111-50 од водечкиот на табелата Вигор Скопје во првата рунда од продолжението на шампионатот.


Тенкиот ростер на охриѓанки имаше и дополнителен пех, откако на загревањето пред мечот се повреди Рајчиноска.

Гостинките уште во првиот период кој го добија со 32-10, дадоа до знаење дека победникот воопшто нема да биде доведен во прашање.


Балазоска со 31 поен беше најефкасна на мечот.

Ohridnews