Охрид Лоте претрпе убедлив пораз со 4-0 на гостувањето во Скопје кај Еуромилк. Охридскиот тим неочекувано високо беше совладан на стартот на пролетниот дел од “млекарите“ кои најавија дека ќа атакуваат на висок пласман.
По овај пораз составот на “градежниците“ остана на 12 место на второлигашката табела. Во наредното коло во вторник на “Атина Бојаџи“ го пречекуваат високопласираниот Миравци.
М.П.