Со три натпревари вечерва во Волино започна 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“.
Бранителот на трофејот Сатеска имаше убедлив старт и во воведниот натпревар го совлада Провелд со 10:1.
Неизвесна беше пресметката меѓу Чардак Велгошти и Екстра Скопско, која заврши со победа на Чардак од 3:2.
Во последниот натпревар од првата вечер, Златара Бени Ерол славеше против Хотел Тино со 3:0.
Резултати – 11 август:
Сатеска – Провелд 10:1
Чардак Велгошти – Екстра Скопско 3:2
Хотел Тино – Златара Бени Ерол 0:3
Возбудувањата на „Богородица куп 2026“ продолжуваат во среда со нови три средби.
Распоред – 12 август:
20:30 Др. Баткоски – Требеништа
21:30 ДОЕЛ Ноче – Мики Про Керамика
22:30 Мороишта – Бурекџилница Го-Ка
OhridNews
Фото: Архива













