Фудбалерите на Баерн Минхен први обезбедија пласман во полуфиналето во Купот на Германија победувајќи го Падербон со 6-0 во четвртфиналето.

„Баварците“ на дело го покажаа својот квалитет и му одржаа час по модерен фудбал на домашниот состав. Избраниците на Хуп Хејнкес постигнаа по три голови во едно полувреме за убедлива победа (6-0).

Преостанатите полуфиналисти во Купот на Германија ќе се дознаат по четвртфиналните дуели помеѓу Баер Леверкузен – Вердер Бремен, Ајнтрахт Франкфурт – Мајнц, Шалке – Волфзбург.

OhridNews