Ракометарите на Охрид со убедлив над Прилеп 40-22 (21-13) на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ ги започнаа натпреварите во плејаутот од Супер лигата.

„Гладијаторите“ од почетокот на крајот доминираа во мечот со младиоит и неискусниот прилепски состав. После само 10-15 минути разликата на семафорот беше голема и неизвесен беше само конечниот исход. На крајот Охрид славеше со убедливи 40-22.

Најпрецизен со шест погодоци кај Охрид беше Бобан Блажески, пет реализираше Николче Ристески, а по четири пати мрежата на Прилеп ја погодија Мартин Ивановски, Кристијан Димитриески, Стефан Трпчевски и Дарио Симоноски. Кај прилепчани најефикасен беше Евгениј Темелковски со 7 голови.

Во следната втората рунда од плејаут лигата Охрид ќе ги одмери силите со Борец на домашен терен.

OhridNews