Позитивната атмосфера која владее во ракометните кулоари во Охрид со триумф ја заокружија ракометните надежи победувајќи на гостински терен во Радовиш против истоимената екипа со 37-26.

Охридските младинци уште на стартот наметнаа темпо кое беше неиздржливо за домашниот состав. Радовиш поведе со 1-0 и 2-1 а понатаму водтството беше на страната од охридскиот состав. Младинците од РК Охрид најавија дека решени се сезонава да одат чекор погоре и да стигнат до титулата во Младинската лига. За потсетување, минатата сезона младинците го освоија сребрениот медал.

Најпрецизен во Охрид со 11 голови беше Никола Ристески, на девет застана Михаил Иваноски а добра партија пружија Наум Костов и Кристијан Димитриески постигнувајќи по 6 голови.

OhridNews