Паузата во македонскиот фудбал поради репрезентативните обврски, Фудбалскиот клуб Охрид ја искористи за одигрување на тест средба со Кораб. Дуелот кој се одигра на теренот со вештачка трева во Охрид им припадна на „рибарите“ кои славеа со 3-0 (1-0).

Избраниците на Гоце Толески противникот го начнаа уште на стартот од мечот. Во мешаницата од фудбалери најспретно реагираше Александар Целески, кој ја погоди мрежата за почетно водство. Во ротацијата од фудбалери во второто полувреме подобро се снајдоа охриѓани. Со головите на Никола Секулоски и Димитар Кочески тимот на Охрид ја запечати победа.

Без разлика што се работи само за контрола средба, победата, многу ќе им значи за охридските фудбалери за финалните два мечеви од есенската полусезона. Викендов што следува, Охрид гостува ка битолски Пелистер а во последната рунда го пречекува Кадино.

OhridNews