Екипата на Шалке ги освои бодовите на „Бај Арената“ победувајќи го Баер Леверкузен со убедливи 4-1 во првиот меч од 31-та рунда во Бундес лигата.


Гостинските фудбалери од 6-та до 50-та минута четири пати ја погодија мрежата, а домаќините во продолжението успеаја само да постигнат почесен погодок.


„Сините“ со триумфот се приклучија во борбата за местата на табелата кои водат во Лигата на Европа, додека „фармацевтите“ ги загубија и теоретските шанси за излез во европските натпреваруња.

OhridNews