Составот на Воска Спорт со убедлив триумф над Октиси 6-1 (2-1) ја започна дебитанската сезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Воска Спорт не го започна натпреварот најдобро и гостите поведоа со 1-0. Стрелец на погодокот беше Едмонд Арслани. Избраниците на Митко Стојаноски брзо се консолидираа и во период од три минути со двата голови на Кристијан Петкоски го свртеа резултатот.

На стартот од вториот дел Петкоски комплетираше хет трик но подоцна и поцрвена поради два жолти картони. До крајот на мечот Воска Спорт со играч помалку успеа да постигне три погодоци за убедли триумф. Мрежата ја погодија Љубен Далчев, Елмаз Ибрахим и Андреј Апостоловски.

 

Во втората рунда од шампионатот Воска Спорт гостува кај тимот на Сатеска во Волино.

OhridNews