Фудбалската репрезентација на Македонија со убедлива победа над Лихтештајн (4-0) во Струмица ја спушти завесата во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија следната година.

„Црвено жолтите“ на задоволство од струмичани одиграа одличен и ефикасен натпревар во кој постигнаа четири голови. Со трите бодови од овој меч Македонија нема да напредува на табелата, но се значајни поради рејтингот и атмосферата во репрезентацијата.

Гостите триесеттина минути оддоловеа од нападите на пулените од Игор Ангеловски. Во 33-та минута дефанзивецот Висар Муслиу после центаршутот на Езџан Алијоски биеше прецизно сог глава и го отвори резултатот. Две минути подоцна Александар Трајкоски го дуплираше водството по перфектната акција после одземена топка на противничката половина.

Во второто полувреме намалија нападите на Македонија, но повторно нашите репрезентативци постигнаа два голови. Стрелецот на вториот погодок, Трајкоски продре по десната страна и нафрли на втора статива, таму Енис Барди од прва биеше во спротивниот агол за 3-0. Кам бек со погодок во македонскиот дрес и воопшто на фудбалски терени имаше Аријан Адеми, откако ја одлежа суспензија. Тој прифати една топка на средината од теренот и со соло продор стигна до противничкиот голман, кој немаше време, а ниту прилика да реагира.

А репрезентација со три победи, две реми и пет порази и со вкупно 11 бодови мундијалските квалификации ги завршува на петтата позиција пред Лихтештајн, но после Израел и Албанија кои имаат бод односно два повеќе, а со надеж за подобро утре.Од групата директен пласман обезбеди Шпанија, додека Италија ќе игра бараж.

Мх.П.