Лидерот на косовските срби Оливер Ивановиќ е убиен утрово во оружен напад што се случил околу 8.15 часот во северниот дел на Косовска Митровица, јавуваат српските медиуми. Во него пукале непознати напаѓачи.

Според изјавата на адвокатот на Ивановиќ, тој бил застрелан со пет куршуми и починал на лице место. Ивановиќ најпрвин бил застрелан од далечина, а потоа напаѓачот му пришол и од близина испукал во него уште еден куршум. Тешко ранетиот Ивановиќ го пронашла соседка, но тој набрзо им подлегнал на повредите.

Косовската полиција го блокира регионот каде се случил инцидентот и трага по напаѓачот.

Засега не се соопштуваат детали околу мотивите за ликвидацијата на лидерот на косовските срби.

OhridNews