Чуварот на мрежата и капитен на фудбалска селекција на Јужна Африка, Сенци Мејива e смртно застрелан во куќата на својата девојка.


Според светските медиуми убиството го извршиле седум лица кои насилно влегле во куќата и со неколку истрели му пресудиле на Мејива.

Јужна Африка се уште не се созеде од судењето на Оскар Писториус кој одговараше за убиство од небрежност на својата девојка за што беше осуден на казна затвор во траење од 5 години, а земјата сега повторно е во центарот на внимание на светската јавност.

Полицијата го потврдила убиството, но одбила да коментира било што околу трагичниот настан.

Ohridnews