Вооружен маж застрелал жена во седиштето  на Си-Ен-Ен во Атланта, по што бил застрелан од обезбедувањето на комплексот.

Вработен во Си-Ен-Ен, кој бил очевидиец на настанот рече дека мажот два пати ја застрелал жената – афроамериканка, во ходникот на зградата. Дел од објектот беше привремено евакуиран.Очевидец соопшти дека мажот и жената пред пукањето биле во кавга и тој го видел мажот како ја влече за коса жената по ходникот.


обезбедувањето го совладало напаѓачот

Си-Ен-Ен синоќа емитуваше снимка на која се гледа ранетиот маж, а убиената жена е идентификувана како Clara Riddles, (22) вработена во хотелот во деловниот комплекс. Полицијата во Атланта тврди дека се работи за семејно насилство кој ескалирал во вооружен инцидент.

Г.М.