Српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој вчера почина во Охрид, откако беше претепан до смрт, остави зад себе три малолетни ќерки, пишува српскиот весник „Блиц“, пренесува „Макфакс“.
Дејан за секогаш ги напушти сопругата Сандра, мајката Сека и три ќерки, од кои најстарата има девет години, средната пет, а најмалата десет месеци.
До моментот кога репортери на весникот го посетиле семејството на Новаковиќ, се уште никој официјално не ги известил за несреќата.
Неговата мајка Сека, која вели дека кобната вечер имала многу лошо претчувство, лошата вест ја дознала преку телетекст.
Дејан во Охрид тргнал пред неколку дена заедно со неговиот другар Горан Периќ, кој работел како туристички водич.
Роднините на Новаковиќ велат дека бил спортист, кој живеел здрав живот и никогаш не учествувал во тепачки, поради што не им е јасно како можел да настрада во масовна тепачка, пишува „Блиц“.
извор: „Макфакс“