Убиство и самоубиство се случи синоќа во скопската населба Ново Лисиче, јавува „Макфакс“. Според неофицијални информации, непознат маж застрелал 35-годишна жена со која бил во љубовна врска, а потоа се самоубил.

Немилиот настан се случил во зградата број 10 на булеварот „Видое Смилевски Бато“, во близина на маркетот „Рамстор“.

Неофицијално, жената давала знаци на живот и брзо по настанот дошла екипа на брза помош, но набргу починала.

OhridNews
извор:„Макфакс“