Убиство се случи синоќа во скопската населба Ченто. Според првичните неофицијални информации околу 22 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ две непознати лица, со автоматско оружје пукале во автомобил марка „Мерцедес“, во кој се наоѓало едно лице.  

На местото на настанот увид изврши полицијата која работи на расчистување на убиството.