Пасијата за спортот, љубовта кон трибината, името „Рибари“ и сино белата боја се неколку од многуте заеднички работи кои ги имаат навивачките групи од Охрид и Изола, Словенија. Двете навивачки групи се зближија летово оваа година, а соработката на повисоко ниво ја официјализираа деновиве, откако претставници од Словенија специјално допатуваат за големата прослава која ја организираат охриѓани по повод 30-от роденден.

Марко Трескавица, еден од претставниците од „Рибари“-Изола ја раскажа приказната како дошло до комуникација и збратимување со охриѓани и почетокот на големото пријателство.

Социјалните мрежи кои се тренд моментално многу ни помогнаа во воспастувањето на комуникација со охридската навивачка група. Еден наш член одлучи да дојде на одмор на Охрид и не погреши, бидејќи покрај што се одмори воспостави врска за големо пријателство. Тој поминал неколку денови со Кирил, кој се покажал добар домаќин. Разменале навивачки реквизити и пуштиле рака за пријателство кое од ден во ден се зголемуваше. Првата покана која ја добивме но поради наши обврски не ја прифативме беше гостувањето во Струга. Потоа ни најавија дека можеме да дојдеме на големата прослава по повод 30 години од формирање на групата. Ние ја прифативме втората поканата и дојдовме да бидеме дел од прославата. – изјави на почеоткот од разговорот со OhridNews, Трескавица.

Гостите од Словенија импресионирани се од Охрид и околината и од убавините кои ги има нашиот град. Охрид ги потсеќа на Изола и затоа тие се чуствуваат како дома. Трескавица имаше пофални зборови за охридските „Рибари“, кои, на големо се подготвуваат за роденденскиот спектакл. Тој во охридските навивачи го гледа духот на Изола, затоа што покрај името и боите се исти на навивачките групи.

Душата, градот, заштитните бои и името на навивачката група се идентични и тука можеме да најдеме многу причини зошто ние се чуствуваме како дома. Од ова што го гледам морам да признам дека охридските навивачи се поактивни затоа што имаат голем број на спортски настани со висок квалитет и можат да соберат добра бројка на навивачи. – истакна Трескавица.

Нашиот соговорник раскажа за почетоците на навивачката група „Рибари“-Изола и предизвиците кои ги носи трибината и тифо-сцената.

Навивачката приказна во Изола започна во 1990 година. Од година во година навивачката група растеше и стигнавме до солидна бројка. Во тек групата се соочи со криза но успешно ја пребродивме. Околу 4-5 години немавме спортски колектив и во главно се занимававме со хуманитарни работи за да ја одржиме групата во живот. Во тој период а и претходно на трибината успеавме да изградиме бренд по кој се препознава нашиот град. – објасни Трескавица.

Тој во името на словенската ескпедиција на „Рибари“-Охрид им посака среќен роденден и многу победи на трибините и на теренот.

На охридските „Рибари“ за утрешниот јубилеј им посакувам полна трибина и квалитетните гласни жици. На теренот верувам дека фудбалерите и ракометарите ќе го остават срцето да победата и израдуваат навивачите. – заврши нашиот соговорник.

Големата прослава ќе се одвива во текот на утрешниот ден. Загревање ќе биде фудбалскиот натпревар Охрид – Кораб во 13 часот. Главниот собир е закажан во 15 часот кај Чинарот, од каде навивачите пеш ќе се упатат во СРЦ „Билјанини Извори“ каде ќе се игра дерби средбата од ракометната Супер лига, Охрид – Пролет. После завршување на натпреварот ќе следува гоелм пиротехнички спектакл до сега невиден на нашите простори.

Михаил Постоловски
Фото: Анамарија Момироска