Училишната година завршува со уште една прекрасна вест од меѓународната сцена. Ученичката од прва година во Државното музичко училиште Струга, Марија Дузлеска, од класата по флејта на проф. Светлана Богдановска Ристевски е апсолутен победник во сопствената категорија (специјална награда – 100 поени) на меѓународниот натпревар Арс Косова кој од 12 до 15-ти се одржа во Приштина.
Марија вчера исто така настапи на завршниот концерт на лауреатите на натпреварот.
И честитаме на Марија и нејзината професорка за успехoт! – истакнаа од Државното музичко училиште Струга.
OhridNews