Градот Велес по 45-ти пат беше домаќин на Детските Рацинови средби, посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, кои годинава се одржаа на 15-16 ноември. На средбите зедоа учество ученици и професори од речиси сите градови во Република Македонија.
Ученичката Нубира Ајдиноска од О.У. “Братство Единство“ под менторство на проф.Јованка Љаткоска, ја освои третата награда за поетска творба, во конкуренција од над двесте пристигнати творби.
Во рамките на средбите се одржа и традиционалниот Поетски караван , на кој зедоа учество ученичките Мила Ложанкоска и Нубира Ајдиноска од О.У. “Братство Единство“. Тие имаа можност да остварат средби и да учествуваат во промоцииите на книгите од истакнати македонски автори како Стојан Тарапуза, Горјан Петрески и др.