Во Охрид во тек е Летен камп на во организација на Гете-институт Скопје, на кој учествуваат 33 ученици од партнерските училишта од Македонија, Албанија и Косово, меѓу кои е и охридското основно училиште „Григор Прличев“.
Во рамките на проектот,на креативен начин ќе се унапредуваат јазичните и музичките способности на учесниците. На програмата се наоѓаат работилници кои гиводат професионални референти од Германија од областа на музиката како и разновидни активности во слободното време.
Програмата поттикнува младинска размена и созадавње на меѓународна заедница за учење со посебна врска кон Германија, гермаснкиот јазик и култура. На крајот од кампот е предвидена завршна манифестација, на која учесниците ќе се претстават со музички точки како финален производ на работилниците од кампот. Истата ќе се одржи на плоштад Амам, на 22-ри јуни, со почеток во 18:00 часот.
Претставата е бесплатна.














