Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид во рамките на своите воннаставни активности заедно со професорката по македонски јазик Ирена Ралева-Најдевска беа во посета на 55. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.
Учениците Дарко Крлески од I-2, Дамјан Коцаревски од I-5, Наум Радески од I-5, Емилија Костоска од I-C и Андријана Огненоска од I-C заедно со професорката ги посетија студентите од странство кои се на летна школа во Охрид и го изучуваат македонскиот јазик како странски, информираат од училиштето.
Воедно од училиштето упатуваат благодарност до универзитетските професори проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф. д-р Гордана Алексова, проф. д-р Борче Арсов, м-р Иван Антоновски, м-р Марија Пандева, проф. д-р Лидија Танушевска, проф. д-р Кристина Николовска и другите кои им овозможија да бидат дел од оваа летна школа, да слушнат дел од предавањата за јазик и за литература, а исто така за можноста да се запознаат со семинаристите од САД, Кореја, Турција, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија кои го изучуваат македонскиот јазик како странски.
OhridNews














