Учениците од ОМУ „Методи Патче” продолжуваат да нижат успеси. На осмиот Меѓународен натпревар на млади пијанисти кој се одржа во Гевгелија, ученици од охридското музичко училиште освоија високи награди.
Ученикот Михаил Стојкоски кој се натпреваруваше во прва категорија (родени 2007 и 2008 година) се претстави со дела од Кабалевски, Гедике и Кулау и во конкуренција од 40 натпреварувачи ја освои Првата награда.
Во Втора категорија (родени 2005 и 2006 год.) во конкуренција од 20 натпреварувачи ученичката Матеа Стоев се претстави со дела од Пезети, Моцарт и Мартину и ја освои Втората награда.
И двајцата ученици се во класата на проф.Ана Булоска Рилкоска при ОМУ „Методи Патче”.
Жирито се состоеше од еминентни професори од Словенија, Србија и Македонија, а учесници освен од Македонија имаше и од Словенија, Србија, Бугарија и Косово.
OhridNews













