На меѓународниот натпревар Полихимниа што се одржа деновиве во Скопје, учениците од ООМУ „Методи Патче“-Охрид повторно меѓу најдобрите.
Први нагади освоија учениците Виктор Србиноски во класата на проф. Елица Рашкова, Антица Николовска во класата на проф. Мухамед Бајрам, Матеа Колеска во класата на проф. Ана Ѓорѓиоска и Владимир Србиноски во класата на проф. Даниел Чуркоски.
Ученичката Софија Пирузева во класата на проф. Ана Ѓорѓиоска освои II награда, додека Ана Кузманоска специјална прва награда (100 бода) и награда за најмлад најуспешен изведувач на меѓународниот натпревар Полихимнија исто тка во класата на проф. Ана Ѓорѓиоска.
OhridNews














