Учениците од медицинските паралелки од СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, во текот на месец февруари активно собираа податоци за ретките болести.

  • Нашата идна професија се базира на постојано истражување и обучување. Како идни медицински лица, среќни сме што имавме можност да учествуваме во ваквото истражување. Направивме хамери со материјал кои не само што ќе служат за едукација на нашите соученици, туку ќе им даваат огромна поддршка на лицата со ретки болести… Ние се интересираме за нив, ние сме со нив, велат учениците.

По повод одбележување на Денот на Ретки болести во училиштето беше направена изложба на трудовите од учениците изработени во изминатиот месец.

Денес и основното училиште „Св.Климент Охридски” се вклучи во борбата за ретките болести. Заедно со одделенските раководители и инклузивниот дефектолог учениците од второ и трето одделение го одбележаа овој ден со разни активности.

OhridNews