Педесет ученици од Средната стручна школа од Крагуевац Р. Србија предводени од нивните професори Нада Петровиќ, Дејан Илиќ, Саша Мутавџиќ, Милан Габриќ и Јован Диниќ беа во посета на Охрид и Почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид.

Охрид и Крагуевац се збратимени градови кои хармонично и братски функционираат на сите полиња. Ги разгледавме сите опции и предлози кој ќе помогнат за уште поголема соработка на полето во туризмот, економијата, науката, итн. Првиот чекор на взаемно задоволство и со поддршка од градовите ќе биде побратимување на Охридското средно училиште ОЕМУЦ Св.Наум Охридски со Средната Стручна Школа од Крагуевац, кои ќе соработуваат и ќе се дружат меѓусебно во многу заеднички проекти, размена на искуства и знаења, вели почесниот конзулат Михајло Филев.

Тоа, додава Филев, позитивно ќе влијае во создавањето на професионален квалитетен кадар и убава светла иднина на младите луѓе од двете братски држави и регионот кои ќе бидат уште една силна потпора од цврстиот мост низ векови создаван помеѓу народите, составен од љубов, почит, слога, разбирање.

На средбата во прекрасната атмосфера, дружењето и конструктивниот разговор, присуствувше и претставникот на Општина Охрид од Секторот за спорт, млади и невладини организации Димитар Спасески.

OhridNews