Изминативе денови во КОСТАЛ Македонија се одржа тридневна работилница за монтажа на мехатронички сетови кои се донирани од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
На оваа работилница учествуваа учениците и наставници од Охрид, Велес, Прилеп, Кавадарци и Битола, како и ментори од компаниите кои се партнери во дуалното образование.
Од нашиот училиштен центар на оваа работилница зедоа учество учениците од IV година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника под менторство на професорот Љупчо Балески. Акцентот на оваа работилница беше воведување на современа дидактичка опрема-сетови за мехатроника, кои ќе се користат за подготовка и полагање на завршните практични испити по германски стандарди, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
OhridNews