На Државниот натпревар по македонски јазик и литература, кој се одржа на 31.5.2025 година во Скопје, учениците Ана Томоска, Наум Павлески и Медина Асановска од ООУ „Братство Единство“ – Охрид постигнаа одличен успех и ја докажаа својата љубов и посветеност кон македонскиот јазик и книжевноста.
Ученичката Ана Томоска VII одделение со 98 поени освои прва награда, Наум Павлески со 91 поен освои втора награда, додека Медина Асановска VII одделение со 96 поени се закити со прва награда во групата немајчин јазик, со што го донесоа највисокото признание за својот труд, знаење и посветена работа.
Овој успех е резултат на нивната посветеност, но и на континуираната поддршка и работа на нивните наставнички, како и на училиштето кое вложува во квалитетно образование и развивање на љубовта кон македонскиот јазик уште од најрана возраст, велат од ОУ „Братство Единство“ Охрид за успехот на нивните ученици чии ментори се Љубинка Михајлоска (ученик Наум Павлески), Ивана Рилкова Томевска (ученик Медина Асановска) и Маја Гугоска Дулеска (ученик Ана Томоска).
OhridNews