Два тима составени од пет ученика од ООУ „Христо Узунов“- Охрид и еден ученик од ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид под менторство на наставничката по физика Вера Зороска учествуваа во виртуелното финале на International – World Innovative Student Exhibition- iWISE, онлајн прелиминарна рунда која им дава шанса на учениците да ја покажат својата креативност и иновативност.

Своите проекти тимовите ги претставија пред тричлена комисија која оценуваше иновативност, креативност и применливост на решенијата, притоа целата комуникација се одвиваше онлајн на англиски јазик, информира наставничката Зороска.

На натпреварот едниот тим освои прва награда, додека другиот тим втора награда или златен и сребрен медал, соодветно, и двата тима во категоријата STEM, област- физика и се стекнаа со можност своите иновативни решенија да ги претстават на глобалниот натпревар во Лондон, Англија, кој ќе се одржи во периодот од 19-24 Август, потенцира.

Деновиве од Лондон пристигнаа медалите и сертификатите за учесниците кои им беа свечено доделени од стана на директорката на ООУ„ Христо Узунов“-Охрид, Марина Ѓоргоска.

Им посакуваме успех во Лондон, достојно да го претстават градот Охрид и државата, како единствени учесници од Македонија!, додава Зороска.

OhridNews