Учениците од ООУ „Св.Климент Охридски”, Константин Шарковски и Филип Нелоски од 6-то одд. под менторство на наставничката м-р Билјана Шуминоска, во конкуренција од 1500 ученици од регионот обезбедија пласман на математичкиот маратон, што ќе се одржи во соседна Србија.

Математичкиот маратон се организира во рамки на „Математичка академија” во која членуваат врвни математичари од Србија.

На овој натпревар учество зедоа уште и учениците Петар Илчески 6то одд, Димитар Велкоски од 8мо одд.

OhridNews