Учениците од Општина Дебрца добија бесплатни униформи кои вклучуваат две маици со кратки ракави, две блузи со долги ракави и два дуксери.

Со ова како што посочува градоначалникот Златко Сиљаноски резлизирано е уште едно значајно ветување за вложување во образованието и младите.

​Нашата цел е јасна, учениците треба да се натпреваруваат во знаење, а не во облекување. Со оваа мерка обезбедуваме еднаквост во училишните клупи и сериозна финансиска поддршка за родителите. Искрените детски насмевки се доказ дека сме на вистинскиот пат и наш најголем мотив за работа. Образованието останува на првото место, потенцира Сиљаноски.

OhridNews