Денеска започнува зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта. Учениците на настава ќе се вратат на 20 јануари 2026, кога ќе почне второто полугодие.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска за 2026 година најави поголем буџет за науката, инвестиции во инфраструктурата, како и во следните три години да има покачување на платите на наставниците помеѓу 7,5 до 10% годишно, додека во четвртата година покачување ќе биде помеѓу 10 и 12%.

Посочи дека ќе продолжи воведувањето едносменска настава, а етапно ќе се воведува електронското свидетелство.

Најави и нов концепт на државна матура со два типа, стручна и гимназиска.

OhridNews