На XLII Државни натпревари за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигнаа одлични резултати.

Второ место во образовниот профил Електротехничар за електроника и телекомуникации го освои Сара Илоска, четврто место во образовниот профил Техничар за патен сообраќај Сара Ѓорѓиеска, петто место во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика Кети Јоноска, петто место во образовниот профил Машински техничар го освои Наум Димитријески, а четврто место во категорија Стручен труд освоија Горазд Јованоски и Кристијан Толески, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
На натпреварот зедоа учество и учениците Владимир Котоски од образовниот профил Електротехничар-енергетичар и Меласат Диковски од образовниот профил Машински техничар за моторни возила.
Исто така, на Државниот натпревар по Англиски јазик, Дарко Митрески ја освои првата награда, а третото место им припадна на учениците Павел Стоев и Кирил Крстески.
OhridNews











