Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ најдобри на меѓународниот натпревар од областа на електротехниката и мехатрониката „Балкан Јуниор 2023“ во конкуренција на средните училишта од Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција и Романија.
Уште еден голем успех на учениците од нашето училиште. На меѓународниот натпревар од областа на електротехниката и мехатрониката „Балкан Јуниор 2023“ кој се одржа на 19 мај во Никшиќ, Црна Гора, нашиот тим составен од учениците Бојан Петроски од образовниот профил Техничар за производно машинство и Наум Алачоски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување под менторство на професорите Наташа Јанкоска Китани и Ангеле Буџакоски го освои првото место, велат од училиштето.
Eкипа составена од ученици и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид и минатата годината на меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор 2022“ во Романија го освои првото место.
OhridNews