Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на Институтот за земјотресно инженерство
27.11.25 10:07
Во рамките на Еразмус+ проектот „Know Disaster, Now Disaster“, во кој учествуваат партнерски училишта од Македонија, Турција, Романија и Унгарија, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид беше домаќин на меѓународна мобилност со ученици и наставници.
На 26 ноември беше реализирана едукативна посета во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Скопје.
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше претставено од учениците Ангелина Симиџиоска и Никола Ангелоски, под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески.
Учесниците имаа можност да присуствуваат на стручно предавање посветено на подигнување на јавната свест и зголемување на подготвеноста за постапување при земјотреси и други катастрофи. Предавањето го одржаа доц. д-р Борјан Петрески од Одделот за инженерски конструкции и софтвер и асс. д-р Марина Попоска од Одделот за природни и технолошки хазарди и екологија, информираат од училиштето.
Во рамките на посетата, посочуваат, беше разгледана и лабораторијата за динамички испитувања, каде учесниците се запознаа со начинот и типот на тестирања што се изведуваат за намалување на сеизмичкиот ризик, а доц. д-р Ангела Попоска, од Одделот за динамички испитувања и информатика, одржа кратка презентација за лабораториската работа и истражувањата.
Вечерва во рамки на 15-то издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца од 20:30 часот ќе биде прикажан документарниот филм „300 години саат кула – чувар на времето во Охрид“ во ...
Охридскиот регион во оваа фаза нема да биде ставен на листата на светско наследство во опасност и ќе го задржи статусот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО Ова претставува значаен д...
Во организација на Издавачката куќа Светулка, вечерва со почеток во 19:30 часот, во The Harbour Club во Охрид ќе се одржи промоцијата на романот „Само уште еден скок“ од Енис Хилми За книгата ќе зб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.