Учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј” во соработка со ЈП „Градскиот пазар“, организираа хуманитарен базар под менторство на Флутра Мехмед од ЈП „Градски пазар“ и проф. Вилма Целеска и проф. м-р. Маја Цветанова каде преку заеднички труд и креативноста покажаа дека младите се пример во заедницата.

Во духот на новогодишните празници, учениците покажаа посебна грижа и внимание кон најстарите сограѓани, дарувајќи ги со новогодишни колачи, носејќи радост и топлина, посочуваат од училиштето.

Воедно, упатуваат благодарност до директорот на ЈП „Градски пазар“ Александар Попоски и директорот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј” што овозможија учениците да ја покажат својата креативност и хуманост.

OhridNews