Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“.
Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година. Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период, информираат од Општина Дебрца.

OhridNews













