На Олимпијадата за турски јазик што се одржа неодамна во Анкара, Турција, ученикот Зубуш Шемо од ОУ „Братство-Единство“ – Охрид го освои извонредното трето место.

Успехот на Шемо е дотолку поголем, ако се знае дека е остварен во силна конкуренција на натпреварот во знање на кој учествуваа околу 1000 ученици од 130 земји.

По повод освоеното трето место на Олимпијадата за турски јазик, утре, во основното училиште „Братство- Единсство“ ќе се одржи свеченост.

OhridNews