На одржаниот Републички натпревар по англиски јазик за средни училишта одржан во Америцан Цоллеге Скопје на 20- ти април , ученикот Никола Фелкароски од втора година, под менторство на професорката Дијана Толевска Георгиевска, постигна значаен успех.
Во конкуренција од 86 средни училишта , државни приватни и билингвални , ученикот Фелкароски го освои петтото место или прво место меѓу државните средни училишта.
На учесниците на натпреварот им беа доделени благодарници за учество и постигнати резултати.











