
Соработката меѓу училиштата постои од 2014 година, првично како заедничка работа на проекти, за сега на иницијатива на училиштето од Апелдорн да премине на повисоко ниво. Гостите беа сместени кај своите пријатели, ученици од втора година, со кои веќе имаа воспоставено контакт. Восхитени беа од природните убавини, историските споменици и гостопримливоста. Возвратна посета на Холандија се планира за април 2018 година.
Ваквите размени се добредојдени за промоција на Охрид и училиштето, како и размената на искуства за наставно-образовниот процес, потенцираат од гимназијата, од каде додаваат дека проектите од овој вид исто така учат на толеранција и меѓусебно разбирање.
Ohridnews











