Идејата за изработка на апликација која на купувачите ќе им овозможи при купување на електричните уреди да изберат производ кој троши најмалку енергија, го освои првото место на натпреварот „Иновативен камп“ оддржан на 15ти декември во Скопје, во организација на „Junior Achievement Macedonia“, а со поддршка на „USAID Macedonia“.


Првопласираниот тим на натпреварот 

На овој натпревар во претприемнички вештини учествуваа 140 ученици од 28 средни училишта, меѓу кои и петмина ученици од гимназијата „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф. Војо Илоски. Тројца од нив беа дел од победничките тимови. Ученикот Никола Петрески беше дел од тимот што го освои првото место на натпреварот, ученичката Марија Цветаноска и нејзиниот тим го освоија второто место, а ученикот Мартин Врангаловски со својот тим беа третопласирани.


Второпласираниот тим на натпреварот


Третопласираниот тим на натпреварот

На учениците им беше дадена задача да смислат производ или услуга што ќе придонесе да се заштеди електрична енергија на локално ниво. Во текот на денот, учениците работеа на развивање на нивната бизнис идеја со помош на бизнис ментори кои ги насочуваа и охрабруваа учениците да ја развијат бизнис идејата според зададениот концепт. 

OhridNews