Двајца ученици од охридското основно училиште „Братство и единство“под менторство на професорката Марија Пупиноска-Гогова се пласираа во финалниот натпревар. Мартин Милошески го освои второто место во категорија на ученици од шесто одделение и Наташа Ѓурова освои второ место во категорија на ученици од седмо одделение.
– Со овој успех учениците од ОУ”Братство Единство”-Охрид уште еднаш покажаа дека се сериозни натпреварувачи во Апликативните вештини и одлични познавачи на компјутерската технологија, вели нивниот ментор , професорката Пупиноска- Гогова.
На минатогодишниот одржан Државен натпревар, ученичката Марија Цветаноска од ОУ „Братство и единство“ го освои првото место.