Тројца ученици од трето два одделение, заедно со нивната наставничка Љубица Чифлигароска од основното училиште „Кочо Рацин“ беа во успешна посета на Детската ликовна изложба на детски ликовни творби изработени од рециклирани матерјали во Скопје.
Посетата беше навистина убава. На самиот влез беа нашите ликовни творби .Со нив беше претставено нашето училиште, а ние се гордеевме на неговото име и на големиот број наши изработки од отпадни матерјали. На свеченото доделување ги зедовме нашите дипломи, велат учениците.
Со свои ликовни дела на изложбата се претставија учениците: Петар Илоски , Димитар Ѓеорѓиески, Матеј Маркоски , Надица Тасеска, Луција Ноческа, Анастасија Секулоска, Александар Јолевски, Јована Димитриоска и Ѓорѓи Петкоски.
OhridNews












