На 27-ми и 28-ми ноември 2015 година на Природно математичкиот Факултет во Скопје се одржа 40-та школа „Млади физичари“.  

Основното училиште „Христо Узунов“ од Охрид учествуваше со учениците од 9-то одделение Викторија Пановска и Александар Грунчевски под водство на менторот Вера Зороска.

Ученичката Викторија Пановска во натпреварот во демонстрации го освои првото место со презентацијата на Проектот определување на масата на планината Галичица. Таа го освои и третото место на тест натпреварот за знаења за 9-то одделение. На истиот натпревар ученикот Александар Грунчевски го освои четвртото место.

OhridNews