Во рамките на наставата по предметот „Општество“, вчера ученици од трето и четврто одделение од ОУ „Христо Узунов“ биле во посета на општина Охрид.

Дечињата имале средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, а посетиле и неколку сектори и одделенија  на локалната администрација.

Учениците се интересирале за органите на Локалната самоупрва и кои се нивните обврски, како се планираат и реализираат проектите во многу области и каква е соработката со централната власт и нејзините институции.

OhridNews