Учениците од 9 одделение од основното училиште „Св.Климент Охридски“, заедно со својот наставник Бобан Гаврилоски, и годинава го посетија Универитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“. Целта е запознавање со можностите на информатиката и мотивација на учениците да продолжат да се занимаваат во областа на информатиката како програмери , дизајнери и слично.
При посетата остварена е средба со асистент Наум Тунтев и доцент д-р Јане Бакрески кои одржаа предавање. Асистент Наум Тунтев зборуваше за можностите на програмирањето, при што посочи колку надежна гранка е информатиката и дека од година во година потребата за ваков кадар е сé поголема. Поголем акцент стави на крерирањето мобилни апликации, го објасни процесот на креирање, сложеноста и посочи примери за мобилни апликации.
Доцент Др. Јане Бакрески ги запозна учениците со можностите на графиката и анимацијата.Во самото предавање вклучи презентација преку која им покажа што сé може да се направи со програмите за графика и анимација. Проектот кој беше презентиран вклучува изработка на 3Д Базилика која се наоѓала на локалитетот Плаошник.
Во текот на предавањето учениците имаа можност да поставуваат прашања на кои добија доста интересни одговори. На самиот крај, ИТ администраторот Нада Андрееска ги поведе учениците на обиколка низ Универзитетот.
Училиштето изразува благодарност до Универитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ за остварената посета и укажаната можност за понатамошна соработка.
OhridNews















