Во пресрет на новогодишните празници учениците од ОУТУ “Ванчо Питошески”, од секцијата „Млади готвачи“ повторно ги покажаа своите вештини. Овој пат изработија новогодишни колачи и ги посетија и израдуваа најмалите во најблиската градинка „Билјана“.
Учениците од ОУТУ “Ванчо Питошески” им посакаа најубави новогодишни желби и заедно со дечињата испеаа новогодишни песнички.
OhridNews













